fb_img

Достава

Назад во поддршка

Достава

Достава се врши преку екстерни курирски служби, единствено и само на адресата дадена при креирање нарачка.

 

Доставата се врши преку Еко Логистик Сервис.  

За нарачки чија вредност е под 2990 денари, трошокот за достава е 150 денари.

За нарачки чија вредност е над 2990 денари, трошокот за достава е бесплатен.

За справи за вежбање, ски опрема и велосипеди, трошокот за достава изнесува 550 денари.

Трошокот за достава се плаќа на врата при испорачување на пратката.

 

Една нарачка која што содржи повеќе производи, може да биде испратена од неколку различни магацини поради достапноста на залихите. Тоа значи дека ќе ви стигнат повеќе пратки, но вие ќе платите САМО една поштарина.

 

Со креирање на нарачка во износ еднаков или поголем од 2990 денари доставата е бесплатна. За велосипеди, ски опрема и справи за вежбање не постои опција за бесплатна испорака.

 

Рокот за достава е до 5 работни денови. Доставата може да се пролонгира доколку во дадениот рок има неработни денови или доколку ја направите нарачката за време на распродажба.

 

Велосипедите стигаат монтирани без извршен прв сервис. Поради транспортот, педалите и воланот се монтираат дополнително кај нашиот овластен сервис.

Справите за вежбање ви стигаат расклопени. Пакетот содржи инструкции како сами да ја монтирате справата за вежбање.

Доколку нарачате скии, ќе добиете и скии и везови. Везовите нема да бидат прицврстени за скиите поради тоа што треба да се прилогодат според тежината на корисникот и големината на чизмите. Ова може да го направите во една од нашите продавници.

 

Испораката се врши од понеделник до петок → 8 – 20ч и сабота → 8 – 16ч. на адресата посочена во нарачката. За таа цел, потребно е да обезбедите лице кое ќе биде присутно за превземање на пратката на адресата која што ја имате приложено.

При превземање на пратката потребно е да се потпишете на испратницата која ќе ви ја приложи курирот.

Доколку курирот не успее да ве пронајде на посочената адресата, тогаш повторно ќе се обиде телефонски да ве исконтактира на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака.

Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.

Трошокот на испорака е обврска на Интерспорт во првиот обид за достава. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за контактирање на клиентот, а клиентот сака да ја добие истата, трошокот за испорака е на товар на клиентот.

 

Ви треба помош? Тука сме за вас

Контакт

Полето име е задолжително!
Полето порака е задолжително!

* Полињата означени со ѕвездичка се задолжителни.

Со користење на интернет контакт образецот корисникот на веб страната се согласува Интерспорт да ги користи собраните лични податоци за корисничките одговори (Име,презме,е-маил и телефонски број кој ги запишал корисникот).

Дознај повеќе