Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари
Испорака до 5 работни денови
Веќе 30 години McKinley е синоним за квалитетна опрема за планинарење, направена со најнови технологии. Сите производи се со висок квалитет, симболизирајќи длабока врска со природата. Како еден од водечките производители на опрема за планинарење, McKinley овозможува вистинско искуство со природата и се грижи со секое купување да ги добиете најдобрите производи. Производите на McKinley се ексклузивно достапни само во продавниците на Интерспорт.

Ви го претставуваме шаторот McKinley Imola 220 I кој е идеален избор за оние кои бараат брзо и лесно решение за кампување. Со можност за поставување и склопување за само неколку секунди , благодарение на неговиот самостоен дизајн и преклопниот фибергласен столб со дијаметар од 6 mm , овој шатор нуди максимална удобност со минимален напор. Изработен е со челични штипки за стабилност и е доволно простран за две лица. Надворешните димензии од 225 x 145 x 100 см овозможуваат комфорно сместување , додека внатрешниот држач за ламба овозможува практична организација на просторот. Три отвори за вентилација кој овозможуваат проток на воздух и отстранување на влага , обезбедувајќи свеж воздух и пријатна атмосфера во текот на целата ноќ. Шаторот има и страничен простор за складирање , идеален за чување лични предмети и опрема. Со водоотпорност од 2000 mm , нуди сигурна заштита од дожд и влага. Благодарение на својата лесна конструкција и тежина од само 1,77 кг , како и компактните димензии на пакување од 73 x 2,5 см , лесно се носи и транспортира. McKinley Imola 220 I е совршен придружник за секое патување , авантура или викенд кампување.
Информирајте сè за сите новости.