Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари
Испорака до 5 работни денови
Брендот со три линии е основан во 1924 година од Ади Даслер. Името Адидас е составено од неговото име и презиме. Првично, почнале со производство на фудбалски патики, но тие брзо ја прошириле својата понуда со производи за трчање, а подоцна и за сите останати спортови. Сите нивни производи се издвојуваат со одличен квалитет, најразлични технологии, модерен дизајн и изглед. Нивните производи ги користат многу спортски sвезди од разни спортови. Првото име од долгата листа на звучни имиња во моментов ја претставува генијалната фудбалска ѕвезда, играчот Лионел Меси.

adidas HYPERHIKER LOW се детски планинарски патики направени за активни деца со истражувачки дух. Стабилни, удобни и сигурни на непристапен терен. Надворешниот ѓон Traxion обезбедува сигурен стисок на карпести планински патеки. Рефлектирачкиот детал на овие патики ги прави најмалите забележливи при слаба осветленост. Горниот дел е рипстоп ткаенина, издржлива и лесна за одржување. Имаат класичен систем за врзување и синтетичка арматура, што е одлична заштита од влажни и калливи услови, кои не се невообичаени на планината. Извадете ги децата од нивната комфорна зона и дозволете им да ја запознаат природата што ги опкружува во овие одлични детски планинарски патики.
Клучни карактеристики:
- патики со плиток профил
- среден ѓон од EVA пена
- Traxion гумен ѓон за сите видови терени
Информирајте сè за сите новости.