Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари
Испорака до 5 работни денови
Брендот со три линии е основан во 1924 година од Ади Даслер. Името Адидас е составено од неговото име и презиме. Првично, почнале со производство на фудбалски патики, но тие брзо ја прошириле својата понуда со производи за трчање, а подоцна и за сите останати спортови. Сите нивни производи се издвојуваат со одличен квалитет, најразлични технологии, модерен дизајн и изглед. Нивните производи ги користат многу спортски sвезди од разни спортови. Првото име од долгата листа на звучни имиња во моментов ја претставува генијалната фудбалска ѕвезда, играчот Лионел Меси.

Шетајте, истражувајте и откривајте нови патеки во сите услови со овие adidas Terrex планинарски обувки. Дизајнирани за авантури на високи и ниски терени, на суво или влажно, тие нудат сигурност и удобност при секој чекор. Средно високиот околувратник обезбедува дополнителна поддршка за глуждот, додека амортизирачкиот меѓуѓон гарантира долготрајна удобност. RAIN.RDY технологијата, во комбинација со јазик со заштитна конструкција, ефикасно ги запечатува надворешните влијанија и ги одржува стапалата суви и комфорни дури и во влажни услови. Изработени за долготрајна издржливост, овие обувки се опремени со Traxion ѓон кој обезбедува сигурно прилегање и одлична стабилност на различни подлоги. Со изборот на рециклирани материјали, се овозможува повторна употреба на веќе создадени ресурси и се намалува отпадот. Комбинацијата од рециклирани и обновливи материјали сочинува најмалку 20% од вкупниот состав на производот, придонесувајќи кон поодржлива иднина.
Клучни карактеристики:
-Средно висок крој
-Амортизиран среден дел
-RAIN.RDY технологија
-Traxion ѓон
-Рециклирани материјали
Информирајте сè за сите новости.