Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари
Испорака до 5 работни денови
Брендот со три линии е основан во 1924 година од Ади Даслер. Името Адидас е составено од неговото име и презиме. Првично, почнале со производство на фудбалски патики, но тие брзо ја прошириле својата понуда со производи за трчање, а подоцна и за сите останати спортови. Сите нивни производи се издвојуваат со одличен квалитет, најразлични технологии, модерен дизајн и изглед. Нивните производи ги користат многу спортски sвезди од разни спортови. Првото име од долгата листа на звучни имиња во моментов ја претставува генијалната фудбалска ѕвезда, играчот Лионел Меси.

Создадени за мали авантуристи со голема енергија. adidas Grand Court 3.0 детските патики носат освежен изглед на класичниот court стил, комбинирајќи удобност, издржливост и секојдневна практичност. Синтетичкиот горен дел обезбедува долготрајност и лесно одржување, идеален за активна игра. Класичното врзување овозможува сигурно и прилагодливо прилегање, за стабилност при секој чекор. Под нив, надворешниот, гумениот cupsole ѓон нуди одличен зафат и стабилност на различни површини – од училиште до игралиште. Со трите ленти на страната и adidas лого на петата, овие патики го задржуваат препознатливиот спортски идентитет во модерен детски дизајн.
Клучни карактеристики:
-Издржлив синтетички горен дел
-Класично врзување за сигурен фит
-Non-marking гумен cupsole за стабилност
-Удобни за целодневно носење
-Иконски adidas дизајн со три ленти
Информирајте сè за сите новости.