Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари
Испорака до 5 работни денови
Брендот Саломон потекнува од француските Алпи, основан во1947 година. Саломон е создаден со цел да ги помести границите на планинските спортови преку создавање на иновативна опрема што им овозможува на луѓето да спортуваат, да напредуваат и да се натпреваруваат во избрани спортови во природа. Компанијата произведува и продава опрема за зимски спортови и планинарење, опрема и облека за планинско трчање, дизајнирани специјално за сите овие дисциплини. Производите се развиваат и тестираат во посебен центар за дизајн во Анеси, Франција, каде што инжинерите, дизајнерите и спортистите работат заедно за да создадат иновативни решенија кои постојано го подобруваат искуството на отворено за оние кои спортуваат во природа.

QUEST 4 GORE-TEX машките кожни кондури за планинарење кои се дизајнирани за долги експедиции и услови со големи предизвици, даваат одлична прилагодливост и поддршка на секаков терен. Ова е модел на високи кондури, чиј калап е насочен кон сензитивните зглобови и го прицврстува стапалото така што овозможува голема подршка и стабилност при непречено чекорење.
Клучни карактеристики:
-Подобрена стабилност - со новата ADV-C 4D Chassis, се обрнува посебно внимание на артикулација на стапалото со што се овозможува стабилност во чекорите дури и на најгруби терени.
- Непречено чекорење – овој модел наменет е за подолго планинарење и со поголем товар, ја поддржува природната флексија (свиткување на зглобовите) на стапалото со што движењето се одвива сосема непречено.
- Подобрена поддршка: покривајќи го стапалото, новата ADV-C 4D Chassis обезбедува дополнителна поддршка околу петицата и помага да се намали заморот на мускулите особено при носење на тежок ранец
- Регуларен начин на врзување
- Водоотпорност: GORE-TEX
Информирајте сè за сите новости.