Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари
Испорака до 5 работни денови
Брендот Саломон потекнува од француските Алпи, основан во1947 година. Саломон е создаден со цел да ги помести границите на планинските спортови преку создавање на иновативна опрема што им овозможува на луѓето да спортуваат, да напредуваат и да се натпреваруваат во избрани спортови во природа. Компанијата произведува и продава опрема за зимски спортови и планинарење, опрема и облека за планинско трчање, дизајнирани специјално за сите овие дисциплини. Производите се развиваат и тестираат во посебен центар за дизајн во Анеси, Франција, каде што инжинерите, дизајнерите и спортистите работат заедно за да создадат иновативни решенија кои постојано го подобруваат искуството на отворено за оние кои спортуваат во природа.

Salomon Quest 4 GTX
Машки чевли за планинарење кои нудат максимална удобност
Гумирани во пределот на прстите за дополнителна заштита
Одлично прилагодување и ублажување на секој чекор
Мека и дишлива постава за максимална удобност
Мембрана : GORE-TEX
Тежина: 655g (UK 8.5)
Пад пета – прсти: 12mm
Систем на врзување: Стандарден
Salomon Quest 4 GTX се квалитетни, лесни, издржливи и водоотпорни машки чевли, наменети за разновидни планински авантури. За самоуверено чекорење се грижи Advanced Chassis конструкцијата која нуди стабилност и заштита на различни терени. Располагаат со Contagrip ѓон за прилагодување на меки и тврди терени и Gore-Tex водоотпорна и дишлива мембрана како заштита од неповолни временски услови. Технологијата SensiFit овозможува потполно прилагодување на чевлите и спречува движење на стапалото во внатрешноста. За максимална удобност на тешки терени е имплементирана EnergyCell технологијата во средишниот дел на ѓонот и Ortholite влошка за намалување на притисокот врз стапалата.
Информирајте сè за сите новости.