Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари
Испорака до 5 работни денови
Брендот Саломон потекнува од француските Алпи, основан во1947 година. Саломон е создаден со цел да ги помести границите на планинските спортови преку создавање на иновативна опрема што им овозможува на луѓето да спортуваат, да напредуваат и да се натпреваруваат во избрани спортови во природа. Компанијата произведува и продава опрема за зимски спортови и планинарење, опрема и облека за планинско трчање, дизајнирани специјално за сите овие дисциплини. Производите се развиваат и тестираат во посебен центар за дизајн во Анеси, Франција, каде што инжинерите, дизајнерите и спортистите работат заедно за да создадат иновативни решенија кои постојано го подобруваат искуството на отворено за оние кои спортуваат во природа.

Salomon Quest Rove GTX се женски кондури за планинарење со висина до глуждот, идеални за долги планинарски тури со ранци. Горниот дел е од синтетичка велур кожа. Gore-Tex® мембраната овозможува одлична воодоотпорност, отпорност на ветар и добра вентилација што не дозволува преголема загревање и потење внатре на стапалото.
Клучни карактеристики:
- Gore-Tex® мембрана овозможува високо ниво на водоотпорност, отпорност на ветар и вентилација;
- Хидрофобната завршница на материјалот со облога DWR (Durable Water Repellency) обезбедува водоотпорност. Благодарение на овој метод, водата се кондензира на површината на материјалот и истекува од неа, без да се апсорбира внатре;
- Подигнатиот горен дел помага ногата кај глуждот да се зацврсти, што штити од неконтролирани движења при одење на нерамни површини;
- Јазикот е интегриран со горниот дел, останувајќи во централна положба за време на активноста, што штити од навлегување на камења, песок, чакал или други ситни работи во обувките;
- Класичнот врзување со врвки овозможува индивидуално прилагодување на стапалото, но меѓу предниот дел и глуждот има поставена посебно окце за зацврстување, кое ги држи врвките на место;
- Мека текстилна постава која спречува иритација и обезбедува висока удобност при носење;
- Лесна, мека, еластична и специјално профилирана Ortholite® внатрешна влошка, изработена од полиуретанска пена, која се прилагодува на обликот и притисокот на стапала, обезбедувајќи природно движење и целосна удобност;
- EnergyCell™ средниот ѓон, изработен од еластична EVA пена, обезбедува многу добра поддршка и оптимално амортизирање на стапалото;
- Advanced Chassis™ рамка сместена во надворешниот ѓон му обезбедува на стапалото странична потпора, оптимална подвижност и флексибилност и добра прилепеност на подлогата;
- Mud Contagrip® надворешен долен ѓон, кој е создаден за максимално држење на калливи, меки, неправилни и нерамни површини. Длабоките, остри жлебови во шарата на нагазниот слој и употребата на материјал кој обезбедува добар отисок, го спречуваат лизгањето и ја зголемуваат тракцијата;
Информирајте сè за сите новости.