Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари
Испорака до 5 работни денови
Брендот Саломон потекнува од француските Алпи, основан во1947 година. Саломон е создаден со цел да ги помести границите на планинските спортови преку создавање на иновативна опрема што им овозможува на луѓето да спортуваат, да напредуваат и да се натпреваруваат во избрани спортови во природа. Компанијата произведува и продава опрема за зимски спортови и планинарење, опрема и облека за планинско трчање, дизајнирани специјално за сите овие дисциплини. Производите се развиваат и тестираат во посебен центар за дизајн во Анеси, Франција, каде што инжинерите, дизајнерите и спортистите работат заедно за да создадат иновативни решенија кои постојано го подобруваат искуството на отворено за оние кои спортуваат во природа.

Машката кондура за скијање QST Access 80 има везови за лесно едноставно прилагодување, што ја прави оваа кондура лесна при одење и многу удобна за целодневно скијање. Овие кондури се наменети за скијачи почетници кои работат на подобрување на својата техника и кои скијаат на лесни и помалку стрмни патеки.
Клучни карактеристики:
- Рејтинг на свиткување – помеѓу 60 и 90 за мажи, идеални за скијачи на ниво на почетници и за оние чија морфологија бара поеластична поддршка
- Изработени се од Polyolefin- издржлив материјал кој овозможува леснотиј аи стабилност
- Лесно облекување и врзување : оваа мека лесна конструкција овозможува многу полесно отворањето на кондурата, стегање и нејзино врзување
- Hike & Ride System – систем кој овозможува ослободување на ‘рбетот при кос V-нагиб на кондурата. Овозможува лесно одење во режим на планинарење, дава одлична силна потпора на грбот и прогресивно свиткување нанапред при скијање
- My CustomFit comfort: Оваа влошка нуди одлична удобност, добра изолација и лесно облекување
- 35mm каиш кој го држи безбедно стапалото и го оптимизира преносот на енергија
- Gripwalk со вграден ISO 23223: GripWalk ѓон со вградени перничиња кои со својот специфичен облик нудат подобрување на удобноста при одење и прилагодување без разлика на условите
- Riveted oversized pivot: обезбедува одличен пренос на енергијата помегу манжетната и школката на кондурата за скијање
- 2 алуминиумски зацврстувачи и 1запчесто тркалезно копче кое е сместено позад на манжетната и нуди широк опсег на подесување
Информирајте сè за сите новости.